Skip to main content

Хрватскиот Сабор со едноминутно молчење оддаде почит на загинатите во пожарот во Кочани

Хрватскиот Сабор денеска со едноминутно молчење им оддаде почит на 59-те лица кои завчера загинаа во пожарот во Кочани, Македонија.

Загубени се многу млади животи и во име на хрватскиот Сабор сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите и да им посакам брзо закрепнување на повредените, изјави претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ.

Во пожарот што завчера избувна во „Пулс“ во Кочани, загинаа 59 млади лица, а повеќе од 150 се повредени.

Поврзани вести