
Илина Георгиева и Стефан Трпковски на Специјалните зимски олимписки игри во Торино, Италија, освоија две сребрени медали во категоријата спортски танци, а нашите крос-кантри скијачи, Фатмире Бајрамоска и Албан Бајрамоски, освоија сребрени медалји во крос-кантри скијање.
Илина се закитила со сребро со танц на песната ,,Ој, девојче”, а Стефан се закитил со сребро со танц на песната ,,Море сокол пие”.
За кореографијата и за работата со Илина и Стефан заслужни се и Катерина Јолакоска и нејзиниот тим од танцовото студио „Еурека“ од Скопје.
Нашата делегација, составена од талентирани спортисти, тренери и официјални лица, ја претставува Македонија на ова големо спортско натпреварување со учество на над 1.500 спортисти од 102 земји во светот.