Skip to main content

Концерт на славната португалска пејачка Мариа Мендеш со Националниот џез оркестар

На 25 март во Македонската опера и балет, со почеток од 20 часот извонредната Мариа Мендеш, португалска пејачка и композиторка која живее во Холандија, ќе настапи заедно со Националниот џез оркестар (НЏО). Диригент на концертот ќе биде маестро Владимир Николов.

Музиката на Мендеш претставува уникатна мешавина од џез и португалска фадо музика, a нејзините изведби имаат добиено признанија од истакнати музички легенди како Квинси Џонс, Вејн Шортер и Хермето Пашкоал кои ја опишуваат како „џез пејачка од највисок ранг”.

Заедно со пијанистот и аранжер Џон Бизли, Марија Мендеш решава старите фадо нумери да ги изведе во модерно, џез руво – спој кој им носи 4 Греми номинации за двата албуми: „Close To Me” (2019) и „Saudade, Colour of Love” (2022). Токму вториот албум дополнително обработен за Биг Бенд оркестар од страна на Владимир Николов, Марија Мендеш и Јесе Пасение, ќе биде изведен во оваа специјална прилика, на концертот со Националниот џез оркестар.

Ве покануваме да бидете сведоци на една незаборавна вечер на музика, каде што богатиот оркестарски звук на Биг бенд оркестарот создава искри кога се среќава со возбудливата интеракција на страстниот глас на Мендеш, кој пее приказни за „saudade“, копнеж и љубов, велат од НЏО.

Поврзани вести