Skip to main content

Кој ги менаџира судството и обвинителството?! Дали Абази го спаси од притвор Јахоски, синот на пратеникот од ДУИ?!

Различни аршини за исто дело – Ратко Капушевски оди во притвор, а  Асмир Јахоски во домашен притвор. Така барало обвинителството, така одлучи истражната судијка. И Капушевски и Јахоски се сомничат за незаконски набавки на деривати. 

-Капушевски оди во притвор, Пуцко Петрол во куќен притвор. Која е разликата помеѓу Капушевски и Пуцко Петрол, што обвинителот го преиначи барањето за притвор во куќен притвор? -запраша пратеничката Јована Мојсоска на социјалните мрежи.

Останува нејасно зошто по произнесување на осомничениот Јахоски пред судија на претходна постапка Јавниот обвинител се согласил за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор. Нејасно е зошто ваквата промена е прифатена од Судијата на претходна постапка. Република испрати прашања до Обвинителството за организиран криминал, но оттаму сѐ уште нема одговор.

Што треба да се случи за судиите и обвинителите да не дозволат да ни се случи Груби или Ковачевски?! Толку многу бегства на бизнисмени и политичари од државата во време кога против нив е отворен предмет за сторено кривично дело, толку многу прашања зошто?! Кој ги менаџира работите?! Кој им дава шанса за спас на осомничените политичари и бизнисмени?! Кој му даде шанса на Васко Ковачевски или на Артан Груби?!

Ковачевски, кој директно е поврзан со набавката на мазут каде е замешан Пуцко Петрол е во бегство, а не постои опасност за бегство на Јахоски, не постои можност да влијае на сведоци и докази и да го повтори делото?! Зошто?! Веројатно не знаат ни оние кои го пуштија дома.

Пратеничката Мојсоска коментира дека Ислам Абази, кадар на ДУИ кој важи за близок до Ахмети, раководи со ОЈО-ГОКК и ова го потенцираше како причина зошто барањата за притвор се селективни. Дали Абази е тој кој ги менаџира работите?! Ова е прашање кое денеска е најчесто поставувано. Ислам Абази, кој е прв обвинител за гонење организиран кримнал доаѓа од Мала Речица. Тој сосед на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, партија од која пратеник е Исмаил Јахоски, таткото на Асмир кој се спаси од притвор.

Обвинителот кој постапува по предметот наводно го повлекол барањето за мерка притвор. Судијката на претходна постапка го прифатила барањето. Тоа е онаа истата судијка, Сандра Крстиќ, која заедно со уште еден колега одредија само мерки на претпазливост за осомничените за упадот во М-НАВ.

И ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со обвинување дека судиите на СДС и ДУИ ги штитат криминалците.

Наместо најстроги мерки за обезбедување на присуство, судиите на СДС и ДУИ го пуштиле дома синот на пратеникот Јахоски, газда на Пуцко Петрол. Иако помеѓу осомничените има лица кои се во бегство, како Васко Ковачевски, судот верува дека останатите нема да бегаат. Со што се увери судот дека и другите осомничени, кои се имотни, нема да се впуштат во бегство? Кој ќе одговара ако уште некој од осомничените избега?“ До кога судиите ќе им служат на СДС и ДУИ, а не на народот – запрашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е шокиран од информациите за притисоците околу овој случај кој ја разгневни јавноста, а кои почнале пред два дена кога се открило за акцијата на Министерството за внатрешни работи и бирото за јавна безбедност.

-За мене алармантни инфорамциите кои што се алармантни кои што ги добивам, кои што се поврзани со прв човек на едно Обвинителство кога слушнал за акцијата. Навистина сум шокиран како се однесувал тој човек и како продолжува да се однесува. На нив не им е местото таму, ако сакаат да бидат дворско партиски, тогаш нивното место не е во Обвинителството, е во оние големи хациенди кои што се изградени во Западна Македонија, изјави Мицкоски.

Мицкоски порача дека ќе мора да одговараат сите кои што се богателе со милиони евра на грбот на македонските граѓани, користејќи недозволиви материи со кои го загрозувале живтотот и го загрозувале уставно загарантираното право на живот.

Поврзани вести