Skip to main content

Велибор Манев: Палчо го уби Жежовски со куршум во слепоочницата, се тресев од тоа што го видов

Ги познавам сите обвинети. Се познаваме со Боре Видевски од основно училиште, немаме никакви проблеми, се почитуваме. Со Љупчо Палевски се познавам од 2018 година, се запознавме преку „Фејсбук“, па подоцна пристапив на неговото движење „Трета“ и еве сум сега со неговото запознавање. Со Влатко Кешишев се знам две и пол години. Беше готвач и домаќин, му готвеше и служеше на Палевски без никаков надомест. Со Александар Ѓорчевски не се познавам.

Ова денеска од местото на сведок во Кривичниот суд во Скопје го кажа Велибор Манев, еден од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Панче Жежовски го знам, работев на неговата куќа и не ми плати за работата. Бараше клесан камен, кој е скап, ми остана должен 1500 евра. Се скаравме и му ги извадивив бекатон плочките. Полицијата направи записник и откако ме искараа, кренав раце. Подоцна ме избрка од неговата фризерница и сакав да го натепам, но не го сторив тоа. Јас ја однесов полицијата до местото каде што беше пронајден. Јас ја копав дупката со Кешишев, целта беше таму да се чуваат додека не се изврши наплата. Целта беше таму да се чува тој додека се грабнува жена од 38 до 40 години со неговото возило. Земуницата е копана една година претходно. Првично баравме објект за чување на грабнатите, но не најдовме. Палевски ми предложи да го оставам мобилниот во канцеларија и да најдеме кај земуница каде што може да ги чуваме грабнатите. Одлучи тука да ја ископаме за самата да се покрие со лисја. Еден месец пред грабнувањето Палчо бараше некоја кола за грабнување, но не најде. По негов предлог баравме некој сам пензионер. Ми дојде на ум борчот од Жежовски кон мене. Му кажав за тоа на Палчо и оти би можеле да го искористиме. Копавме јас, Палчо и Влатко. Предложив и Боре да разговара со Палчо и да ни се приклучи, сведочи Манев.

Жежовски го грабнале на 23 ноември.

На 22 ноември вечерта Палчо и Кешишев дојдоа кај мене за да го проверат местотото. Отидовме до местото и одлучи следната вечер да го грабнеме. Утрото околу 6 часот тргнавме кон неговата куќа. Снимките што ги гледавме не се совпаѓаат со времето. Јас, Боре и Палчо отидовме кај Панче. Кешишев нè чекаше кај пругата. Не излезе сам надвор. Палчо со „моторола“ рече да се влезе, но јас не влегов оти ме знае. Боре тропна и влезе, го турна и видов како влегува и Палчо. Панче викаше, па му стави лента на устата за да не вика. Бевме со маски. Почнав да му ги врзувам рацете. Палчо му го зема мобилниот од Панче, клучевите од колата, ја извади церадата од возилото и го стартуваше автомобилот, а јас и Боре го ставивме Панче во гепек. Отидовме кај „кангуто“ во кое беше Кешишев. Ставивме гориво во „цитроенот“. Палевски го фрли телефонот на Панче во долот. Отидовме кон земуницата за да го спуштиме долу. Меѓу себе комунициравме со „мотороли“. Тргнавме и поминавме покрај хотелот „Романтик“ и селото Рудник. Пред нас возеше пикапот во кој беа Палчо и Кешишев. Јас ја возев колата на Панче. Кога стасавме, го изнесовме и го донесовме пред земуницата и ископаните скали. Го одврзавме, Палевски беше со нас. Веднаш му испука куршум во слепоочницата без зборови. Се тресев од тоа што го видов. Палевски го превртуваше Панче во дупката. Го прашав: „Зошто? Ова не требаше вака“. Ми рече: „Вака е почисто, нема зошто да се секираш“. Ме поттурна со раката и ми рече: „Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“, сведочи Манев.

Поврзани вести