Skip to main content

Родот и градот- дискусија за јавните простори во градот во КСП Центар Јадро

Родот и градотДискусија за јавните простори во градот – безбедноста на жените и квир луѓето во градот, (не)достапоноста на одредени простори, кои простори ги сметаме за „наши“ или „туѓи“ од финансиски или безбедносен аспект

12 март (среда) | 19.00 часот
Настанот е замислен во рамките на серијата настани Родот и градот која Коалиција Маргини ја организира од октомври 2024 година, во соработка со Реактор како дел од проект на Kvinna till Kvina и Британска амбасада.

Главна тема на настанот се јавните простори и присуството и безбедноста на жените и квир луѓето во нив. Со дискусијата ја опфаќаме оваа тема од повеќе аспекти:Безбедност во простори како ноќни клубови Чии се просторите во градот (јавни и културни простори)Каде се движиме и каде не се движимеКои простори ги користимеКои простори ги сметаме за „наши“, „безбедни“ или „туѓи“Затворање на се’ повеќе места (културни простори) и како тоа влијае врз тоа кој и како може да организира настани или да се појавува во јавниот простор организирано.Прашањето на градење простори и градење заедници во исто време, како и нивната одржливост на подолг рок.На настанот планирано е Реактор да ја презентира својата платформа и апликација Реагирај за безбедноста на жените во јавните простори.

Поврзани вести