
Поранешниот претседател Стево Пендаровски го нападна актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп. Во својот последен настап, Пендаровски го нарече Трамп „трансакциски лидер“, алудирајќи дека Македонија нема што да му понуди, бидејќи, според него, таквиот начин на водење политика се базира исклучиво на пари и ресурси.
Со оваа изјава, Пендаровски повторно се најде во улога на „голем демократ“, овој пат поставувајќи се над лидерот на најмоќната држава во светот. Но, прашањето е – што точно сака да каже поранешниот претседател? Дека Трамп не води надворешна политика без финансиски интерес? Дека малите држави како Македонија немаат што да бараат во односите со Вашингтон доколку немаат доволно пари за „трансакција“?
Додека светот гледа како големите сили ги обликуваат своите сојузи, Пендаровски упорно останува заробен во политичките матрици на минатото, се обидува да „плива“ во дипломатијата со евтини критики, наместо со реални предлози за тоа како Македонија да ги зацврсти своите позиции на меѓународната сцена.
Иронично, токму за време на неговиот мандат, односите со САД беа на најниско ниво, со недоволно лобирање и отсуство на конкретни дипломатски иницијативи. Но, тоа не го спречува Пендаровски денес да дели лекции.