
Времето денеска наутро ведро и постудено, преку денот сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје, претежно сончево и топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во наредните денови, информираа од УХМР, ќе продолжи периодот на стабилно, сончево и топло време за овој период од годината.