Skip to main content

Елмас пак даде гол за Торино

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас го постигна вториот гол во дресот на Торино придонесувајќи попладнево во триумфот на неговиот клуб на гостувањето во Монца со 2-0 во рамки на 27 коло во италијанската Серија А.

Елмас му донесе водство на Торино во 41 минута, а победата на гостинскиот тим ја запечати Чезаре Касадеи во 66 минута.

За Елмас ова е втор гол во дресот на Торино, откако на крајот на јануари дојде во клубот како позајмен фудбалер од бундеслигашот Лајпциг.

Македонскиот репрезентативец мина на теренот 90 минути, пред да биде заменет во судиското продолжение од Карол Линети.

Торино со 34 бодови е на 11 место на табелата пред следниот натпревар на гостински терен против Парма.

Поврзани вести