
Пејачката Дара Бубамара тешко ја поднела смртта на Саша Поповиќ, кој вчера почина во Париз.
На пејачката и навреле сеќавања од периодот на дружење и соработка со првиот човек на Гранд. Низ солзи се присетила на се што поминале заедно.
Многу ми е, многу ми е жал и тешко, бидејќи стасав и учев од Саша. Пред да се разболи се договаравме кога ќе се видиме, да се зезаме, да се возиме со ферари. Само се шегувавме. Се слушнавме кога отиде во Париз, баш пред некој ден му пратив порака: Сале мој, како си?Мислам на тебе! Ми одговори: Се борам Даки моја, лошо сум, ама се борам! Многу ми беше тешко кога го прочитав тоа. Кога објавија дека починал, баш ми беше …Мислев дека ова нему не може да му се случи. Едноставно беше таков, позитивен, витален. Баш ми е криво, Изгубивме голем уметник, прав човек. Што да кажам кога ми е жал, ама таа проклета болест. Ете пред два дена си куцкавме пораки, а сега веќе не е жив. Секогаш говореше како две најубави уметнички имиња на естрадата се Дара Бубамара и Лепа Брена- рекла Дара.