
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков на собраниската говорница истакна дека археолошките локалитети кои се предмет на експропријација најчесто се наоѓаат надвор од урбанистичкиот опфат на населени места за изработка на ДУП-ови во населено место, и потребно е да се направи значителна измена во Законот за експропријација на земјиштето.
Во Законот за експропријација на земјиштето, ние имаме генерален проблем во Македонија на сите археолошки локалитети. Буквално можам да кажам дека 70 проценти од археолошките локалитети се наоѓаат на приватни земјишта. Бидејќи тоа е така и имаме сериозен проблем со тоа и бидејќи најголемиот дел од културното наследство, особено археолошките локалитети се наоѓаат надвор од опфатот на актите за планирање на просторот односно од ДУП-овите и ГУП-овите , во членот 26 став 1 од Законот за експропријација стои предлог за експропријација и покрај другата документација треба да се достави и извод од актот за планирање на просторот односно одобрен проект за инфраструктура, односно согласно со новиот Закон за просторно и урбанистичко планирање. Имајќи го предвид тоа што недвижното културно наследство особено археолошките локалитети кои се предмет на експропријација најчесто се наоѓаат надвор од урбанистичкиот опфат на населени места за изработка на ДУП-ови во населено место потребно е да се направи значителна измена во законот. Ако не се направи измена на законот имаме многу големи финансиски импликации, бидејќи како што кажав 70 проценти археолошките наоѓалишта се наоѓаат на приватно земјиште. Ние како држава не сме во можност да ги покриеме сите тие трошоци и затоа ќе поднесам предлог до Владата следниот вторник, рече Љутков одговарајќи на прашање на пратеникот на Влен, Салим Сулејмани околу состојбата на базиликата во селото Радолишта за која посочи дека се наоѓа меѓу две приватни парцели и од тие причини стручните екипи имаат многу отежнат пристап до него.
Министерот објасни дека со законските измени, тие че имаат поголема слобода во делот на решавањето на проблемите на археолошките локалитети.
Во актуелниот член став 1 од Законот за експропријација а кој гласи сега „извод од актот за планирање на простор или одобрен проект за инфрастура и одобрен проект за дислокација на енергетски објект“ да биде заменет и дополнет со „по исклучок извод од актот за планирање и просторот или одобрен проект за инфраструктура или одобрен проект за дислокација на енергетски проект не е потребен за експропријација на земјиште кое се наоѓа културно наследство согласно Закон за заштита на културното наследство“. Со ваквата измена на Законот, ќе имаме поголема слобода во делот на решавањето на проблемите на археолошките локалитети. Кога ќе се реши овој проблем и ќе може многу полесно да се обезбедуваат средства за следната година и ќе имаме можност за поголема реализација. Најслаба реализација секогаш има во заштитата на културното наследство токму од овие причини, заради Законот за експропријација, рече Љутков.
Потенцира дека во базиликата направен е увид и констатирано е дека ѕидовите на мозаиците на базиликата се во стабилна состојба.
Забележавте дека мозаиците се покриени со песок заради заштита. Во 2014 година и 2015 година Завод и музеј Охрид добива средства за изведба на настрешницата и материјалите ги носат на терен. Но, тогаш мештаните ги палат материјалите. Од кои причини, не се знае. И од тогаш е прекината теренската работа. Но Завод и музеј Охрид и Музеј Струга немаат информации која е сумата за реализација на било какви активности и колку би чинел целиот тој процес, рече Љутков.