
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје и Катедрата за романски јазици и книжевности се домаќини на отворањето на 8. издание на манифестацијата „Денови на Франкофонијата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје“, со гостувањето на романско-канадската писателка, преведувачка и уредничка Фелича Михали и презентацијата на нејзиниот роман „Земјата на сирењето“.
Настанот ќе се одржи во вторник 4 март 2025 година, во 13:00 часот, во Салата за седници на Филолошкиот факултет.