
По објавата од Општина Штип за одземена Б Интегрирана Еколошка Дозвола за правен субјект ДПТУСУ “САНС-АГ”, увоз-извоз ДООЕЛ од Штип, со Решение општинскиот инспектор за животна средина , ДОМ бара општина Штип да го задолжи посочениот правен субјект да го предаде опасниот отпад од пиролиза на гуми и друг отпад на овластена фирма за постапување со опасен и неопасен отпад и да се направи ремедијација на почвата на самата локацијата. ДОМ укажува дека институциите во иднина да не дозволат вакви еколошко небезбедни инсталаци да прават загадување на сите медуми во животната средина.