Skip to main content

Дарко Димитриев избран за спортист на годината во Кавадарци 

Дарко Димитриев од Центарот за боречки вештини „Будо“, вечерва беше избран за спортист на годината во Кавадарци за 2024 година. Во организација на Сојуз на спортови,  беа доделени пехари и во неколку други категории за спортски достигнувања.

На настанот беа посочени бројните спортски успеси и медали. Беа доделени благодарници, наградени млади и надежни таленти, јуниори, сениори. Имаше и добитници на плакети, а меѓу нив, плакета и за кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, за посебен придонес, за поддршка и развој на спортот во општината. 

Меѓу добитниците на плакети е Леонард Кузев, со плакета за достигнување во високогорството, со искачени 3.789 метри надморска височина GROSSGLOCKNER во Австрија и 4 .478 метри надморска височина MATTERHORN во Швајцарија. Плакета за хумани вредности доби Здружението, спортски клуб на слепи  и слабовидни лица Визија Голбал. Меѓу плакетите за трајни вредности, е и таа за 50 години, Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди. Плакета за животно дело во спортското новинарство, доби Мики Виденовиќ. 

Вечерта во Домот на културата „Иван Мазов – Климе”, беше збогатена и со музика.

Поврзани вести