Skip to main content

КАДЕ СЕ НАЈДОБРИТЕ ШТЕДНИ ВЛОГОВИ за тебе и твоето семејство?

Штедењето е многу повеќе од едноставно собирање на пари – тоа е обезбедување на стабилност и можност за справување со непредвидени ситуации во животот. Штедењето овозможува мир и финансиска слобода, и ни помога да се справиме со неочекувани ситуации кои може да настанат. Да се доверат заштедите на банка која нуди супер каматни стапки и сигурност, како што е УНИБанка, е можеби супер одлука баш сега! Тука можете да отворите штедна сметка која ќе ви помогне да го зголемите капиталот и да ги заштитите вашите заштеди. А вашите пари да работат за вас!

Штедењето е лесно и достапно кога се има доверба во финансиската институција која управува со средствата. Важно е да се имаат штедни опции кои се прилагодени на различни финансиски потреби. Може да се започне со минимален износ, кој понатаму може да се надополнува. Во УНИБанка имате можност за користење на депозит со фиксна каматна стапка до 3.9% за 36 месеци во денари.

Со Депозит Фикс на УНИБанка можете да штедите прилагодено на вашите потреби и можности. Да го следите растот на депозитот преку електронско и мобилно банкарство, да вршите дополнителни вложувања во секое време ОНЛАЈН! За депозит во износ повисок од 1.000.000 мкд, имате можност за стимулативна каматна стапка.

Во УНИБанка, штедењето не е само обичен финансиски потфат туку значи финансиска слобода и сигурност. Секоја заштедена сума е камен-темелник на идните планови, било да се работи за дом, образование или само заштита од неочекувани предизвици. Во свет исполнет со неизвесност, важно е да се има сигурна банка каде што заштедите може да растат, и да се има сигурност. Секој чекор кон штедењето е инвестирање во подобра иднина.

Една од најважните придобивки на штедењето во УНИБанка е сигурноста која се добива. Банката е дел од системот за осигурување на депозити во Македонија, кој 100% покрива штедни сметки до 30.000 евра. Ова значи дека вашите средства се сигурни и обезбедени. Исто така добрите финансиски резултати на Банката, 31 годишното искуство и знаење, изградената доверба, континуитетот во воведувањето банкарски иновации, влијаат денес УНИБанка да се перцепира како сигурна, динамична и современа банка, одлично место за штедење.

Депозит Фикс на УНИБанка – затоа што мудрите одлуки носат стабилна иднина!

Поврзани вести