Skip to main content

Фудбалер доби нокаут, падна како покосен

Две минути пред крајот на натпреварот меѓу уругвајските клубови Пајсанду Интериор и Сориано Капитал (1:0), фудбалер се најде на земја откако прими бокс застанувајќи меѓу негов соиграч и лут противник од соседниот тим.

Мешаницата започна по еден прекршок. Марио Гонзалес беше опкружен со неколку играчи, а Енцо Ечевесте му пријде одзади и го фати за врат за да го оттргне од лицето на неговиот соиграч. Откако се извлече, Гонзалес се сврте и го удри Ечевесте во лицето, кој само се струполи на тревата.

Да заборавиме сè што се случи. Сè е во ред, мораме да се фокусираме на следниот натпревар и да го оставиме ова зад нас. Ви благодарам на сите за загриженоста и пораките. Добро сум, изјави Ечевесте по натпреварот.