Skip to main content

„Кралевите“ се враќаат во форма кога е најпотребно

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го оцени настапот на тимот на вчерашниот натпревар од 25. коло од Примера против Жирона (2:0).

– Добро го контролиравме натпреварот, игравме добро. Одлично ни оди, најдобрата вест на денот е враќањето на Алаба. Играше многу добро 60 минути. Некои од нашите дефанзивци почнуваат да се враќаат – Валверде, Рудигер. Во одлична форма се приближуваме до најважниот дел од сезоната, изјави Анчелоти за „Marca“.

Реал Мадрид има 54 бодови и се израмни со Барселона на врвот на табелата во Примера. 

Поврзани вести