Skip to main content

Османи повеќе не е тренер на Струга Трим Лум

Шампионот Струга Трим Лум во продолжение на сезоната во Првата македонска фудбалска лига ќе биде предводена од друг тренер.

Досегашниот шеф на стручниот штаб, Ќатип Османи поднесе оставка по вчерашниот пораз од Вардар. 

Ќатип Османи повеќе нема да го води тимот на Струга Трим Лум. По слабите резултати, особено на стартот од пролетната сезона, тетовскиот стратег поднесе оставка од тренерската функција, а истото го прифатија и челниците на клубот кои во наредните денови ќе одлучуваат за неговиот наследник.

Ќатип Османи го презеде раководството на Струга Трим Лум на крајот на мај минатата година, предводејќи го тимот на вкупно 26 натпревари (12 победи, 5 нерешени и 9 порази).

Клубот му изразува благодарност на Осман за неговиот професионализам во времето поминато заедно, посакувајќи му се најдобро во понатамошната кариера, соопштија од Струга ТЛ.

Османи ја водеше Струга на 20 натпревари во првенството, два во Купот на Македонија, два во квалификациите за Лигата на шампионите и два во квалификациите за конференциската лига.