Skip to main content

Еден загинат, неколкумина повредени во напад со нож во Франција

Едно лице загина, а неколку се повредени во напад со нож кој се случил попладнево во Мулхаус, Франција, во близина на покриен пазар. КАко што објави BFM Alsace, напаѓачот пред да биде уапсен извикал „Алах Акбар“.

Според информациите, во нападот загинал 69-годишен Португалец, а меѓу повредените има и припадници на градската полиција. Националното обвинителство за борба против тероризмот потврди дека меѓу жртвите има и цивил кој се обидел да интервенира, додека тројца полицајци се ранети.

Претседателот Емануел Макрон изрази „солидарноста на нацијата“ со семејствата на жртвите. Тој го нарече нападот „исламистички терористички акт“ и рече дека властите ќе ги преземат сите неопходни мерки за да одговорат на ова злосторство.

Премиерот Франсоа Бајру рече дека „фанатизмот повторно удри“ и дека Франција е во жалост.

Националното обвинителство за антитероризам покрена истрага за убиство поврзано со терористички активности и обид за убиство на службеници. Напаѓачот моментално е во полиција.

Поврзани вести