Skip to main content

Бесплатен разглед на Скопје и Битола во сабота по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници во сабота организира бесплатен разглед на Скопје и Битола.

Во Скопје збирно место за заинтересираните граѓани е пред Меморијалната куќа на Мајка Тереза на улица „Македонија“ со почеток во 12 и 13 часот, додека во Битола почнува во 11 часот пред Музејот и 12 часот кај Саат кулата.

Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно историските знаменитости на градот Скопје и Битола може да присуствуваат, велат од Македонската асоцијација на туристички водичи.

Поврзани вести