Skip to main content

Претседателката Сиљановска Давкова ја посети Агенцијата за разузнавање

Македонската ретседателка Гордана Сиљановска Давкова вчера ја имаше првата работна посета на Агенцијата за разузнавање. За време на посетата, на претседателката ѝ беше претставен Годишниот извештај за работата на Агенцијата за 2024 г. како и тековните и среднорочните регионални и национални безбедносни закани, ризици и предизвици.

Претседателката Сиљановска-Давкова, во разговор со раководството на Агенцијата, се запозна со оперативните, аналитичките, техничките и кадровските капацитети и можностите за нивно понатамошно унапредување. За време на посетата на претседателката се разговараше и за 30-годишнината од донесувањето на првиот закон за Агенција за разузнавање, што соодветно ќе биде одбележана во март годинава, соопштија од Агенцијата.

Поврзани вести