![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/470851649_1032894165546044_6011674516480792057_n.jpg)
Del Arno Band, култниот, прв авторски рутс-реге бенд во регионов ни гостува со концерт за одбележување на 80. роденден на Боб Марли!
21 ФЕВРУАРИ 2025
МКЦ – Скопје
Влезниците се веќе во продажба: https://mktickets.mk/event/del-arno-band/
Скоро четири децении мисијата на DEL ARNO BAND е иста: ширење љубов, разбирање и толеранција! 38 години тие делуваат во согласност со основните вредности кои ги негува реге културата. Во оваа прилика, нивната нова средба со македонската публика означува и значајна годишнина: 80. години од раѓањето на Боб Марли!
Февруари во Јамајка е официјално прогласен за месец на реге музиката. Ширум светот се одржуваат настани во чест на самиот симбол на овој жанр, Боб Марли, а во рамки на Таксират Фестивал, реге-месецот во Скопје ќе биде обележан со неповторливата позитивна енергија на DEL ARNO BAND.
Нивните концерти се посебно доживување, а актуелната сет листа е избрана ретроспектива на нивните најголеми хитови. Вистински повод да се опуштите и да уживате во хипнотичките реге ритми.