Во тек е целосна демонтажа на УСАИД и нивните експозитури во Македонија, СДСМ и Шарената револуција. Брусалицата пробработе пред седиштето на американската агенција за меѓународна помош.Се извадија буквите. Стечај. Стечајниот управник Илон Маск реши да стави катанец на Агенцијата која служеше за симнување од власт на легално избрани влади низ светот, односно оние што во тој момент не беа по мерак на властите во Америка, се коментира во ТВ Колумната „5 минута со Чавез“.
Tрамп за УСАИД вели дека скоро сѐ што направиле било коруптивно.
Ни Македонија не беше заобиколена од тој бран на промени под патронат на УСАИД и нивиот партнер Институтот отворено општество, популарно наречен Сорос.
За соборување на власта на ВМРО-ДПМНЕ која не сакаше да го смени името на Македонија УСАИД и Сорос кај левичарките невладини организации истуриле 290 милиони долари.Тоа не го велам јас, туку специјаецот на Трамп,Ричард Гренел-коментира авторот на колумната Игор Чавески.
290 милиони долари. Знате ли колку пари се тоа и што може да се направи за таа сума. Да се изгради некоја болница или автопат.
Ама не, УСАИД одлучиле овие пари да ги дадат на Шарените откако овие им ветиле дека СДСМ ќе победи на изборите во 2016 година, и после се ќе биде полесно.
Каква случајност, баш во тоа време заменик претседателот на СДСМ Фани Каранфиловска, кога беше на чело на Институтот Отворено општество примила милион долари од УСАИД. За што, не се знае, ама како викаат „не ме прашувај како го заработив првиот милион“.
„Нема правда нема мир“,, „Секој ден во 6“ се дереа Шарените цела година за да ги оправдаат парите.
Дојдоа изборите ВМРО повторно победи. Замислете колку треба да си неспособен и да ти лепи рачето со 290 милиони долари у кеш да не ја завршиш работата. Епска неспобност.
Работодавачите, видоа дека работниците се неспособни па тргнаа самите да ја завршат работата, и ја завршија. Целта беше постигната, ВМРО тргнато од власт, а името сменето.
Пари ко пари , брзо се трошат а шарените се навикнати на луксузен живот. Џипови, патувања, станови и отишле парите. Затоа деновиве плачат и кукаат, новинари и експертутки колку било тешко што ете УСАИД ја затворија и дека тие имале и добри проекти.
Да, точно измеѓу парите дадени за шарените и нивните медиуми ,УСАИД даваше и по некој проект за поддршка на земјоделци, избрадба на водовод во некое село, вакцинација на деца и сл. Но, тоа не го оправдува фактот дека со нивни пари се креираше мислење кој е добар а кој лош и кој шири лажни вести.
Замислете, креаторите на лажните вести добивале милијарди долари ширум светот за нас да не обвинуваат дека шириме лажни вести, . Нема појако.
Затоа на корисниците на парите од УСАИД да им порачам. Одвикнувањето ќе оди тешко, но има надеж. Вие лесно ќе најдете нов спонзор, ЕУ чека на вас. Во името на демократијата се разбира.
УСАИД не истурале пари само во Македонија. Еве на пример за собрување на Вучиќ за четири години се дадени 939 милиони долари на слични невладини организации како кај нас.
Па добро бе УСАИД што се нашиве шарени поефтини од српските за нив да им давате три пати повеќе пари. Ајмо звиждаљке еден протест пред српската амбасада.
Еве сосема случајно овие денови, на Вучиќ му се откачи тркалото.додека одеше на средби со граѓани. Небаре вози Југо 45 или Стокец па гумата туку така ќе испадне. Премногу случајности во време на протести не се случајни.
Да се вратиме на локални теми. Лидерот на ДУИ порачува дека треба да им се провери потеклото на богатството на сите политичари.
Тоа е во ред, но можеме само да претпоставиме што ќе се случи ако почнат од него. Команданте Али ќе го оправдаш дворецот во Зајас, или пак бизнисите на твојот внук Дрин Ахмети кои на 26 години врти милиони и купува продава трговски центри, копа рудници, добива пари за иновација принтер.
Ја чудим бев во подрум,ќе рече Али Ахмети ако некогаш го прашаат од каде му се парите.
Mинатата епизода реков дека со доаѓањето на Трамп на Албин Курти му се изброени деновите на власт. Епа еве го, Курти победи ама тешко дека ќе направи Влада. Времето на екстремни политичари помина, нека се замислат овие кај нас.