![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/476361411_1082227563946668_3255698476609507957_n-526x500-1.jpg)
Музејот на современа уметност потпиша меморандум за соработка со Гете Институтот. Овој договор има за цел да поттикне партнерство меѓу двете престижни институции во областа на културата, овозможувајќи истражувања, предавања, публикации и заеднички проекти во современата уметност.
Како резултат на оваа соработка, креирана е програмата „Ајде да зборуваме: Урбаните подрачја, Руралните подрачја и Културата“ која во 2025 година ќе вклучи низа презентации и предавања во Музејот на современа уметност.
Првата сесија на оваа програма започнува на 20 февруари (Четврток) во 19 часот, со презентации на директорката на Гете Институтот Катрин Оствалд- Рихтер и ликовниот уметник Никола Узуновски.