Skip to main content

Отворен е повикот за пријавување на краткометражни филмови во рамки на ФеКК – Фестивалот на краток филм во Љубљана

Агенцијата за филм на Македонија ја споделува информацијата дека е отворен повикот за пријавување на краткометражни филмови во FeKK BAL и FeKK SLO во рамки на FeKK 2025. Имено, 11-тото издание на ФеКК – Фестивалот на краток филм во Љубљана ќе се одржи од 18 до 23 август 2025 година.

Оваа година, фестивалот повторно ќе понуди богат избор на кратки филмови од најновите национални и меѓународни продукции.

Покрај словенечките филмови, повторно се поканети авторите од балканскиот регион да ги пријават своите краткометражни филмови во програмата FeKK BAL! Оваа програма е отворена за филмови од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Романија и Србија.

Вашите филмови можете да ги пријавите преку онлајн платформата FilmFreeway!

Услови за пријавување:
– Максимално времетраење: до 30 минути
– Завршени во 2024 или 2025 година
– Без ограничувања во жанр, форма или тема
– Рок за Early Bird пријави: 1 март 2025 година

Освен натпреварувачките секции, ФеКК 2025 ќе понуди:

– Курирани авторски и тематски програми
– Гостинска фестивалска програма
– Индустриска програма
– Четири различни работилници
– Разговори со автори, панел дискусии и предавања
– Богата музичка програма и изложба

Пријавете се преку линкот на IG Story или на @fekk.festival

Поврзани вести