
Многу луѓе ширум светот често се збунети и не ја знаат разликата меѓу Англија, Обединетото Кралство, Британија или Велика Британија. Еве како да ги разликувате овие поими.
Англија се смета за земја, како што е Македонија, а главен град е Лондон, исто како што Скопје е главен град на Македонија.
Велика Британија, пак, е збир од три земји кои се обедините како единствена здржава и имаат главен град во Лондон. Тие три земји се: Англија, Шкотска и Велс.
Кога ќе ја вклучите Северна Ирска на овие три земји, тие заедно стануваат Обединето Кралство (сојуз на четири нации), Англија, Шкотска, Велс и Cеверна Ирска.
Затоа, оваа политичка конфигурација е позната како Обединето Кралство на Велика Британија и Cеверна Ирска. Заедно, овие четири се сметаат за една држава, а Лондон е нејзин главен град.
Сепак, треб да се има на ум дека овие четири поединечни земји имаат свои престолнини. Па така, главниот град на
Шкотска е Единбург, на Велс главен град е Кардиф, на Cеверна Ирска е Белфаст, a на Англија е Лондон.
Исто така, Cеверна Ирска не треба да се меша со Република Ирска, која е независна земја, а нејзиниот главен град е Даблин.