Лука Дончиќ е еден од најдобрите светски кошаркари, а малку е познато дека корените ги „влече“ од Косово.Роден е во Љубљана пред 20 години и настапува за словенечката репрезентација. Сепак, тој е по потекло од Косово . За ова неодамна проговори Стојан Дончиќ, братот на дедото на Лука, Србобран. Стојан и денес живее во селото Бича.
“Овде пораснавме јас и брат ми. Србобран и неговата сопруга ја напуштија Бича пред 40 години поради тешките услови за живот и заминаа во Словенија. Таму го добија синот Саша, кој исто така беше кошаркар. Но неговиот Лука толку не израдува сите со неговиот успех што сега цело време ја следам американската лига.Моето срце е полно, а и на сите наши роднини, што некој наш од толку провинцијалско и сиромашно потекло тргна по патот на славата. А Лука веќе го обиколи светот и стана многу познат. Верувајте, сите ме прашуваат што ми е Лука. Сега станав важен поради него”, додава Стојан Дончиќ.
Големата желба на Стојан е да му посака добредојде на Лука на Косово.
“Лука неколку пати изрази желба да дојде, но се работи за неговата безбедност. Клубот во кој игра… Тие предвидуваат дека не е безбедно тука, а ни велат дека е безбедно. Сепак, сигурно ќе дојдат. Дефинитивно. Лука и сите други. Го очекувам, нема да умрам додека не дојдат .