Skip to main content

Дедото на Ноле е осамен, правнуците никогаш ги нема видено

Зденко Жагар дедото на Новак Ѓоковиќ живее во белградската населба Чукарица, истакна дека ретко го гледа семејството и често е осамен.

Овде нема никој освен мене, книги и фотографии на ѕидот. Децата тргнаа по својот пат. Се разведов од првата сопруга, мајката на Дијана, а втората сопруга со која живеев, почина во 2017 година. Оттогаш сум сам.

Приказна за потеклото и минатото

Зденко Жагар е роден во Винковци, Хрватска, каде ја запознал поранешната сопруга, бабата на Новак, Елизабета. Нивниот брак започна во Белград, каде што заедно основаа семејство.

– По националност сум Хрват, а јас и мојата поранешна сопруга бевме офицери кои се запознавме во Винковци. „Тука го започнавме нашиот заеднички живот“, се сеќава Зденко.

Поврзани вести