![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/voz-nov.jpg)
Министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски, денеска потенцираше дела со чесна и посветена работа се успеало да се оствари зголемување од 75% на карго превозот и 37 % на бројот на патници во последните три месеци од 2024 година споредено со истиот период од претходната година.
– Скопје-Куманово ќе се патува за 41 минута, луѓето ќе имаат предвидливост за патувањето. Наутро ќе дојдат за Скопје, попладне ќе се вратат. Дополнително планираме почести возови за Битола и за Прилеп, разгледуваме да отвориме мегуѓрадски возови за Тетово и Гостивар, во перспектива да ја вратиме линијата кон Штип и Кочани. Ова е разликата од претходно кога имаше нула локомотиви-рече Николоски.