![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/novak-djokovic.png)
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот во Доха, кој ќе почне на 17 февруари.
Според српскиот портал „Спортал“, Ѓоковиќ верува ќе биде подготвен да игра во Катар.
Поранешниот светски рекет број 1 е при крај со закрепнувањето од повредата на левиот бутен мускул добиена на Грен слемот во Мелбурн.
Триесет и седумгодишниот Ѓоковиќ во моментов е 6. на светската ранг-листа.