Skip to main content

Дојави за бомби во училишта во Загреб, Пожега и Чаковец

Средното Машинско-техничко училиште во Загреб, Фауст Врачиќ, утрово пријави дека добиле дојава за поставена бомба.
Полицијата е на лице место и врши увид на теренот. Поради безбедносни мерки, наставата нема да се одржува во утринска смена ниту во тоа училиште, ниту во соседното Електротехничко училиште, јавија загрепските медиуми.

Неколку училишта во Загреб добија дојави за поставени експлозивни направи денеска. Во контакт сме со полицијата, чии деминери веќе вршат увид во училиштата. Сите ученици се целосно безбедни надвор од училиштата, а сите надлежни служби преземаат максимални мерки за што поскоро нормализирање на ситуацијата – соопшти Град Загреб.

Покрај Загреб, и училишта во Пожега и Чаковец денеска добија дојави за можна поставеност на експлозивни направи, јавија хрватските медиуми.

На локациите се испратени полициски службеници за преземање дополнителни мерки – велат од Пожешката полиција. Полицијата ги повикува граѓаните да останат смирени и трпеливи додека трае истрагата. Повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на полициските проверки.

Поврзани вести