Skip to main content

Гостиварец се обидел да ја запали куќата по кавга со брат му

Вчераво 09.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ш.Ш.(25) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека во заедничката куќа, поради нарушени односи, истурил запалива течност и се обидел да ја запали, но бил спречен од неговиот брат Н.Ш.(26).

Ш.Ш. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен
поднесок. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар, соопшти СВР Тетово.

Поврзани вести