Skip to main content

Рашворд задоволен што ја избра Астон Вила

Новиот фудбалер на Астон вила, Маркус Рашфорд, го објасни својот трансфер во клубот од Бирмингем како позајмен од Манчестер јунајтед.

– Тие се клуб кој е во добра позиција во лигата и бараат да напредуваат. Тие се уште се во Лигата на шампионите, имаат добар, амбициозен тренер и голем талент во тимот. Морав да изберам место каде што чувствував дека ќе се вклопи мојот стил на игра за повторно да се откријам и да станам подобар. Сакам да го искористам најдоброто моето време, изјави Рашфорд за „Goal“.

Рашфорд оваа сезона на 24 настапи за Манчестер јунајтед постигна седум гола и запиша три асистенции. Неговиот договор со Јунајтед е до летото 2028 година. 

Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 55 милиони евра

Поврзани вести