Skip to main content

„Зентрифуга“ од Иван Шопов е книга за месец февруари во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Збирката на Шопов „Зентрифуга“ е книга за месец февруари во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“  како дел  кампања Читаме Современи Македонски Автори.

Расказите се навидум едноставни, напишани со лесен, разбирлив стил. Но, всушност, тие во себе содржат подлабока тематика бидејќи, преку неочекуваните духовити пресврти, ги откриваат и ги разнишуваат цврсто изградените, конзистентни етички гледишта на зен приказните, често со шокантен резултат – подвлекува Калина Малеска.

Разговорот со авторот е закажан за 5 февруари во 19 часот, информираат од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Поврзани вести