Декември во Кинотека на Македонија ветува богат филмски репертоар кој ќе ги задоволи вкусовите на сите љубители на седмата уметност. Овој месец е посветен на јубилејни проекции на македонски филмови и култни светски остварувања, како и на прикажување на актуелните фестивалски хитови.
2 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
НА СÈ ДОАЃА КРАЈ
(Svemu Dodje Kraj)
Игран филм, Хрватска,
2024, 89 мин., колор, ДЦП
Режисер: Рајко Грлиќ (Rajko Grlic)
Сценарио: Рајко Грлиќ, Анте Томиќ, Мирослав Крлежа (Rajko Grlic, Ante Tomic, Miroslav Krleza)
Улоги: Jелена Ѓокиќ, Борис Исаковиќ, Емир Хаџихафисбеговиќ, Живко Аночиќ, Јанко Поповиќ Волариќ, Ксенија Маринковиќ, Марина Реџеповиќ, Петре Арсовски (Jelena Đokić, Boris Isaković, Emir Hadjihafisbegovic, Živko Anočić, Janko Popović Volarić, Ksenija Marinkovic, Marina Redjepović, Petar Arsovski)
Макс Пинтер, успешен адвокат од Загреб, успева да ги отфрли обвиненијата против неговиот клиент за двојно убиство, богатиот и моќен бизнисмен Динко Хорват. На прославата, Макс е пијан и му кажува на Динко дека ладнокрвно ги убил работниците, кои што дошле да прашаат за своите плати. Соочувањето со еден од столбовите на општеството го прави Макс непожелна личност, тој ги губи својот партнер и клиенти, а сопругата го напушта. Со својата девојка од универзитетските денови, Нина, започнува мисија за одмазда. Од друга страна, никој во оваа приказна не е целосно невин и сите се тесно поврзани.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари