Skip to main content

Идентификуван малолетникот кој постави албанско знаме на полициско возило во Тетово

Утврден е идентитетот на лицето кое за време на прославата на Денот на албанското знаме постави албанско знаме на полициско возило во Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР наведуваат дека по преземените мерки во врска со настанот на подрачјето на СВР Тетово, лицето е идентификувано и, во присуство на родител, повикано на разговор во полициска станица.

Од полицијата посочуваат дека по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок.

Поврзани вести