Skip to main content

Отстрането македонското знаме во Гостивар, полицијата го расчистува случајот

Видео на кое се гледа како лице го симнува македонското државно знаме, а потоа со уште едно лице го тутка и го фрла на земја, се споделува на социјалните мрежи. Снимката ја објави профилот „Патриотско друштво“, со навод дека е преземена од TikTok.

Станува збор за знаме поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. Од Министерството за внатрешни работи информирале дека случајот бил пријавен на 27 ноември во ОВР Гостивар, по што полициска екипа извршила увид. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Засега не се соопштени детали за идентитетот на лицата што се гледаат на снимката, ниту за околностите под кои било отстрането знамето. Според подоцнежни медиумски информации, знамето е вратено пред општинската зграда.

Поврзани вести