
По неодамнешното музичко издание „А ти, а јас“, македонското златно грло Наум Петрески ја претставува својата нова песна со наслов „Животе, не брзај“. Автор на музиката, текстот и аранжманот е Марјан Јанкоски, а песната е реализирана со големиот студиски оркестар на Кларион Музичка Продукција, во целосно акустична изведба.
„Животе, не брзај“ носи силна животна порака, проткаена со емоции, раскошен оркестарски звук и препознатливата интерпретација на Наум Петрески.
Во време кога сè околу нас се одвива пребрзо, можеби музиката е таа што може барем за миг да го запре времето.
Со ова второ заедничко музичко издание, Кларион Музичка Продукција продолжува доследно да ја реализира својата мисија – враќање на вистинскиот, органски и автентичен звук во македонската музика.
Вистински музичари, вистински инструменти, без синтетички симулации и компромиси во уметничкиот и продукцискиот квалитет.
Снимањето, музичката продукција, миксот и мастерингот се реализирани во Кларион Студио во Скопје, под раководство на музичкиот и аудио продуцент Дејан Ангелевски.
„Животе, не брзај“ е музика создадена без брзање, со љубов и посветеност кон секој тон.
Песната е достапна на официјалниот YouTube канал на Klarion Music Production:

Македонски




