Skip to main content

Комодо варан му влегол во домот и каснал човек во Индонезија

michael-schwarzenberger-from-pixabay

Комодo варан влегол во дом на индонезискиот остров Ринка и каснал 48-годишен маж за ногата.

Како што пренесува ДПА, каснатиот човек е во стабилна состојба, иако лекарите сè уште проценуваат дали му е потребен дополнителен третман, покрај чистењето на раната и употребата на антибиотици.

Нападот се случил и покрај постојаните напори на управата на Националниот парк „Комодо“ да ги држи комодо вараните подалеку од населените места. Информативниот портал „Компас“ известува дека постои сомневање дека влекачот влегол во домот следејќи ја 10-годишната ќерка на човекот, која се враќала од училиште, а потоа го каснал човекот кој одморал.

Заштитни огради во селото првпат се поставени во 2021 година… Но, службениците не можат постојано да бидат присутни на локациите каде што се наоѓаат оградите“, изјави Џулизар Ридуан, претставник на Управата на националниот парк .

Комодо варанот, познат и како комодо-змеј (лат.: Varanus komodoensis), е најголемиот влекач на светот – може да порасне до околу три метри во должина и да достигне тежина до 70 килограми. Неговите моќни вилици, остри заби и отровно каснување може да ги направат опасни средбите со луѓето.

Овие влекачи се присутни во своето природно живеалиште на неколку индонезиски острови, вклучувајќи ги Комодо, Ринка и Флорес. Според Меѓународната унија за зачувување на природата (ИУЦН), тие се класифицирани како загрозен вид. 

Поврзани вести