
Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика сите сојузници на Украина да сторат сѐ што е можно за да ѝ обезбедат на земјата, уште сега, средства за воздушна одбрана.
Макрон инсистираше прашањето за пристапување на Украина во НАТО да се врати на дневен ред.
„Апсолутен приоритет е распоредувањето нови противракетни системи и нови пресретнувачи. Секој што има можност да обезбеди средства за одбрана и заштита на украинските граѓани мора веднаш да го стори тоа“, рече тој во Берлин, каде што се собраа претставници на сојузниците на Киев, вклучително и претставници на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Со оглед на максималистичката природа на руската позиција, верувам дека мора повторно да го поставиме прашањето за пристапување на Украина во НАТО. Денес се поставува прашањето, вклучително и за нас Европејците, што ќе се случи утре?“, додаде Емануел Макрон.

Македонски




