Skip to main content

Со акциски план ќе се бара решение за неконтролираното движење кравите низ Крива Паланка

Преку акциски план со кратки рокови ќе се бара решение за неконтролираното движење на околу 1000 крави низ Крива Паланка, пренесува Сител.

Градоначаникот Митовски на средби во министерството за земјоделие денеска ги договарале деталите во заедничка акција со АХВ да постапуваат за заловување на животните.

Митовски за Сител вели дека се согласува со секој предлог кој оди во насока на решавање на проблемот на паланчани. Ваквиот предлог вели треба да се најде и на владина седница.

Митовски сепак вели дека акцискиот план кој го добил од надлежните институции е идентичен со оној кој го предлага и советничката група на ВМРО – ДПМНЕ Крива Паланка.

Барањето на советниците за вонредна седница  на Совет вели е задоцнета бидејќи истата е веќе закажана за сабота.

Советниците на седница ќе бараат прифаќање на планот со кој се предвидува да се направи евиденција на критичните локации, да се обезбедат оградени простори за привремено сместување на животните, механизација, работна сила и координација со АХВ.

Паланчани во сабота во 11 часот излегуваат на граѓански протест за да бараат трајно решение за проблемот со над 1000 крави.

Најавуваат блокада на магистралниот пат. А кравите од Паланка неодамна станаа и светска вест.

Видеата со кравите кои влегуваат во дворови, уништуваат земјоделски површини и ја загрозуваат безбедноста на жителите ја пренесоа и дел од светските медиуми.

Поврзани вести