Skip to main content

Александар Чупиќ е избран за претседател на Народното собрание на Србија

Кандидатот на Студентската листа, Александар Чупиќ, е избран за претседател на Народното собрание на Србија.

Чупиќ доби 140 гласа, додека неговиот противкандидат Стојан Раденовиќ освои 97 гласа.

Повеќето опозициски пратеници ја напуштија салата пред да бидат објавени резултатите од гласањето.

Пратениците на Парламентот ја продолжија конститутивната седница на новиот, 15-ти состав во 10 часот наутро, по дводневна расправа во која најголемо учество зеде претседателот на Републиката во заминување, Александар Вучиќ, зборувајќи главно за теми надвор од дневниот ред, кои пратениците од Студентската листа во голема мера ги игнорираа, пренесува Н1.

На дневен ред беа изборот на претседателот на Собранието и на потпретседателите, именувањето на генералниот секретар, како и изборот на членови на собраниските работни тела и на постојаните собраниски делегации во меѓународните институции.

Пратениците кои ги претставуваат листите на националните малцинства – а кои сочинуваат седум од вкупно 250 пратеници – најавија дека ќе го поддржат изборот на Чупиќ за претседател на Собранието. По завршувањето на вчерашната расправа, Демократската партија на Санџак соопшти дека ќе го поддржи кандидатот од Студентската листа.

Со конституирањето на Собранието, почна да тече рокот од 90 дена за формирање нова Влада.

Извор: МКД.мк

Поврзани вести