
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска одржа средба со претставници на Сојузот на одгледувачи на овци.
Како што информира преку својот Фејсбук профил, станало збор за програмите за директни плаќања за наредната година.
„Транспарентноста во креирањето на мерките за поддршка на земјоделството е принцип по кој се раководам и затоа денеска одржав работна средба со претставници на Сојузот на одгледувачи на овци. Програмите за директни плаќања за наредната година почнуваме да ги подготвуваме порано за да имаме доволно време, низ дијалог со сите учесници во секторот, заеднички да ја утврдиме поддршката. Искрено го почитувам искуството на одгледувачите, чиј труд и знаење се препознаваат во квалитетот на македонското јагнешко месо, овчото млеко и сирењето. Верувам дека со добра волја да се сослушаме и да работиме заедно, можеме да дојдеме до одржливи решенија за сточарството“, наведува Серафимовски.
Извор: МКД.мк

Македонски




