Skip to main content

Дај 500 евра ако сакаш да градиш – раководител во ДСЗ фатен со поткуп

freepik

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност лишиле од слобода раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување, осомничен за примање поткуп.

Според неофицијалните информации, раководното лице било затекнато при примање 500 евра во претходно криминалистички обработени банкноти. Парите наводно ги побарало како противуслуга за издавање позитивно мислење потребно за изградба на објект.

Сомнежите се дека не станува збор за изолиран случај, туку дека осомничениот барал и примал пари за издавање позитивни мислења и одобренија поврзани со изградба на станбени и деловни објекти.

По спроведената полициска акција, лицето е лишено од слобода, а се очекуваат повеќе информации за случајот и за натамошниот тек на постапката.

Поврзани вести