Skip to main content

Николоски на Виенскиот економски форум: Активно ја градиме пругата на источниот дел од коридор 8, во напредна фаза сме за почеток на градба на брзата железница на коридор 10

Денеска се обратив на 23-тиот Виенски економски форум.Економската соработка на регионот е повеќе од потребна заради заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар.Предизвикот за земјите од нашиот регион е како заеднички да настапуваме на европскиот пазар, како да се натпреваруваме со конкуренцијата и како да постигнеме повисоко ниво на развој,напиша вицепремиерот Николоски.

Зборував за развојните проекти што ги реализираме во Македонија на коридорите 8 и 10 во висина меѓу 5 и 6 милијарди евра. Активно ја градиме пругата на источниот дел од коридор 8, додека во напредна фаза сме за почеток на градба на брзата железница на коридор 10. Во делот на патната инфраструктура исто така се работи на доизградба и модернизација на патниот коридор 8, на ниво на автопати и експресни патишта.Наша цел е Македонија да стане вистинска крстосница на Балканот, каде ќе се спојуваат бизнисот и економијата и ќе придонесеме за зајакнување на безбедноста.

Поврзани вести