Skip to main content

Петмина повредени во пожар на божиќен базар во Белгија

Илустрација

Пет лица се повредени откако денеска избувна пожар на божиќен базар во Анје, Белгија.

Градоначалникот на Анје, Пјер Рондија две од повредените лица се пренесени во болница во критична состојба. Тој додаде дека пожарот избувнал откако експлодирала плинска боца, при што целосно изгореле две дрвени куќички, а оштетени биле уште две.

Рондија посочи дека Обвинителството ја истражува точната причина за пожарот.

Божиќниот базар „Маредсу“ во Анје, јужно од Брисел е отворен пред два дена и ќе трае шест викенди. Во опатијата Маредсу има поставено повеќе од 60 штандови.

Поврзани вести