
Селекторот на женската македонска ракометна репрезентација Игор Марковиќ го објави скратениот список од 19 ракометарки за турнирот во Анкара, а воедно тоа е и изборот за Европското првенство. Меѓу повиканите се наоѓаат 15 ракометарки, кои настапуваат во странство, а тоа се: Сара Ристовска, Јована Мицевска Митев, Ивана Џатевска, Јована Кипријановска, Драгана Петковска, Андреа Седлоска, Теодора Дукоска, Марија Гугуљанова, Ивана Арсениевска, Марија Јанкуловска, Андреа Илиќ, Ивана Гакидова, Ива Младеновска, Сара Стефаноска и Катерина Дамјаноска.
На списокот има само четири од македонскиот шампионат: Емилијана Ризоска, Леона Миленкоска, Ана Марија Коларовска и Бојана Коцева.
На турнирот во Турција, македонските ракометарки ќе играат против домаќинот Турција, Италија и Финска, а на Европското првенство сме во групата која ќе се игра во романскиот град Клуж и за ривали ги имаме Романија, Швајцарија и европскиот првак Норвешка. Натпреварите во европскиот шампионат ги играме од 4 до 8.декември.
Собирот за подготовките е на 22.ноември во Скопје

Македонски



