
Преговорите меѓу делегациите на Украина и Русија, со посредство на САД, денеска продолжија во Абу Даби, изјави шефот на украинската делегација, Рустем Умеров.
Преговорите се нов обид за оживување на дипломатските напори за ставање крај на војната што започна пред повеќе од четири години.
„Го започнуваме вториот ден од преговорите“, напиша Умеров на социјалните мрежи, прецизирајќи дека денот ќе започне „прво со трилатерален состанок со САД и Русија“.
„После тоа, ќе имаме состанок со нашите европски партнери“, додаде тој

Македонски



