Skip to main content

Телевизорот, полначот за телефот или лаптоп… кога е вклучен троши електрична енергија дури и кога е исклучен и не прави ништо

Многу луѓе ги исклучуваат своите уреди со далечински управувач или ги оставаат вклучени во струја, убедени дека не трошат енергија. Експертот Наталија Лачим за британскиот метро вели дека електричната енергија сè уште тече низ нив и ја зголемува сметката.

Во повеќето домаќинства, полначот за телефон или лаптоп е секогаш вклучен во струја. Телевизорот останува во режим на подготвеност, а на некои од уредите свети дигитален часовник. Според експертот, тоа е непотребно трошење пари и енергија.

„Кога е вклучен во струја, уредот троши електрична енергија дури и кога е исклучен и не прави ништо. Електричната енергија сè уште тече низ него, зголемувајќи ја вашата потрошувачка и сметки. За да ги намалите, исклучете го уредот од штекерот и на тој начин запрете го протокот на електрична енергија“, вели Лачим.

Телевизија

Студија од 2021 година покажа дека 98 проценти од домаќинствата во Велика Британија го имаат телевизорот вклучен во струја цело време. Многу луѓе мислат дека исклучувањето на далечинскиот управувач го исклучува целосно, но тоа често не е случај. Телевизорот во режим на подготвеност сè уште троши енергија.

Бокал

Бокалот не е најголемиот потрошувач. Сепак, според експертот, тој ја зголемува и сметката ако е постојано вклучен во струја, па затоа е најдобро да го исклучите од струја по употреба.

Полнач

Истото важи и за полначите. Многу луѓе ги имаат постојано вклучени во струја, подготвени да ги полнат своите телефони и други уреди. Лачим предупредува дека полначот што само стои во штекерот непотребно ја зголемува вашата годишна сметка за струја.

Поврзани вести