
Концерт по повод 120-годишнината од раѓањето на рускиот композитор Дмитри Шостакович и 135-годишнината од раѓањето на неговиот сонародник Сергеј Прокофјев ќе се одржи на 9 ноември од 19 часот во Малата сала на Филхармонијата. Влезот е слободен.
Ќе настапат пијанистките Викторија Митеска-Малезан и Огненка Герасимовска-Димитровска, виолинистките Анна Кондратенко и Ева Богоевска, сопранот Магдалена Тодоровска и бас-баритонот Дарко Тодоровски.
На програмата се дела од двајцата композитори, меѓу кои „Прелудиум и фуга“ од Шостакович, фрагменти од балетите „Пепелашка“ и „Ромео и Јулија“ на Прокофјев, како и вокални и камерни композиции.
Концертот се одржува под покровителство на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија.

Македонски




